
Божиќен концерт на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија

На самиот почеток на оваа година, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија ќе ја одбележи својата работа со музички концерт по повод христијанскиот празник Божиќ. На 7 јануари, 2020 година, на програмата на ТВ „НОВА“, со почеток во 18:30 часот, ќе биде прикажан концертот, на кој учествуваат гевгелиски ученици од сите класи претставувајќи се со музички дела од познати композитори.
Директорот на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Сузана Стефанова, упати покана до сите граѓани на општина Гевгелија да го проследат концертот на локалната програма, истовремено честитајќи им ја Новата година и претстојните големи христијански празници, посакувајќи им многу здравје, успех и плодна година.