
18 по ред „За тебе љубов моја“

Домот
на културата „Македонија“- Гевгелија, по усвоената Програма за работата на Јавната општинска установа за 2021 година на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, започна со своите активности. По повод 8 Март- Денот на жената, на 10 март, 2021 година, со почеток во 20 часот, Домот на културата го одбележа Празникот со традиционалната 18 по ред музичко-поетска манифестација „За тебе љубов моја“. Љубовни стихови ќе читаа професори по македонски јазик и литература и вљубеници во поезијата, додека ансамблот за чалгиска музика „Чалгија“ при Домот на културата ќе го збогати настанот со својот музички репертоар.
Поради влошената епидемиолошка слика во општина Гевгелија, настанот беше прикажан онлајн, на официјалниот YouTube-канал и официјалната Facebook-страница на Домот на културата.
Минатата година, појавата на Корона вирусот во земјата, ја одложи оваа традиционална манифестација на Домот на културата, со затворањето на културните институции, која беше една од мерките на Владата на РСМ за заштита од Корона вирусот и спречување на неговото ширење.