Image
Култура

Градскиот хор Гортинија на фестивал во Зрењанин

Градскиот мешан хор „Гортинија“ од 31 мај до 2 јуни 2019 година ќе учествува на шестиот по ред Хорски фестивал „Слободан Бурсаќ“ во Зрењанин. На овој фестивал, кој се одржува во Културниот центар во овој град во Војводина, оваа година ќе настапат 26 хорови.

Покрај хоровите од Зрењанин на фестивалот ќе настапат 8 гостински хорови, два хора од странство и шест од Србија. Станува збор за женски, машки и мешани хорови, кои же настапато со свои програми. Настапот на мешаниот хор "Гортинија" од Македонија, предизвикува посебно внимание во Зрењанин и се очекува со голем интерес на оваа хорска манифестација.

 

© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio

Search