Image
Култура

ДОЈРАНСКИ РАКУВАЊА 2018

БОГАТА И РАЗНОВИДНА ПРОГРАМА 

Манифестацијата „Дојранските ракувања“ која се оддржува далечната 1976 година, и годинава стартуваше со разновидни културно-уметнички содржини.

 

 БОГАТА И РАЗНОВИДНА ПРОГРАМА 

Манифестацијата „Дојранските ракувања“ која се оддржува далечната 1976 година, и годинава стартуваше со разновидни културно-уметнички содржини.

На отворената сцена, на брегот од Дојранското Езеро, во Стар Дојран, веќе се одржаа неколку интересни концерти. Под јаворите настапија Александар Тарабунов, триото на Пламенка Трајковска, КУД Илинден од Струмица и Ацо Караманов од Радовиш. Поради временските прилики концертот на Елена Велевска, е презакажан за вторник, 31 јули во 20,30 часот. Вечерва, 27 јули, доколку тоа го дозволат временските услови е најавена ЗУМБА ЗАБАВА НА ПЛАЖА, а во сабота, 28 јули, детската театарска претстава "ПРИНЦОТ ЖАБА", на театарот КРИК.

Августовската програма на „Дојранските ракувања 2018“ е особено богата и разновидна, а посебно внимание привлекува „Фестивалот на рибата и виното“. На 1 август на плоштадот под јаворите ќе одржат концерт АКАДЕМЦИ заедно со Добрила Чабриќ, додека пак за Илинден, на 2 август, настапува Јордан Митев, и тоа, од 12 часот. Во петокот и саботата, на 3 и 4 август, во рамките на „Дојранските ракувања“ гостува Театарот КОЛОЗОВИ со претставата „Итриот и заводливиот“, и со саботна хумористична вечер ХИХИРИКУ.

На 10, 11 и 12 август во Дојран започнува „Фестивалот на рибата и виното“ со репрезентативна музичка програма. Фестивалот стартува во петокот, на 10 август, со концерт на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ, со почеток во 21 часот, по што следува и концерт на ТУМБАО САЛСА. На 11 август, настапуваат ЉУБОЈНА и ШАЈН, додека последниот ден од фестивалот – во недела, на 12 август, настапуваат ЏУБОКС БЕНД и ТАЈЗИ.

 

 

Subscribe Our Newsletter

Amazing Deals, Updates & Freebies In Your Inbox

Анкета

Прашање
© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio

Search