Image
Е-Општина

Политика на квалитет

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

 

 

Општина Гевгелија својата деловна филозофија ја темели на услуги кои во потполност се усогласени со барањата на граѓаните и важечките закони.

 

Стратешки цели на Општина Гевгелија се :

-           Задоволни корисници/граѓани

-           Просперитетна и богата локална заедница.

 

Општина Гевгелија утврдените Стратешки цели ги остварува со почитување на следните начела:

 

-           Еднаквост на сите корисници/граѓани.

-           Сите корисници/граѓани имаат право на заштита.

-           Услугите кои ги пружа Општината мора да бидат ефикасно и економично реализирани.

-           Исполнување на потребите и очекувањата на граѓаните, согласно најдобра пракса и Законот, е прв приоритет во вршењето на услугите на Општинската администрација.

-           Врвен квалитет на услугите е одговорност на секој вработен во Општинската администрација.

-           Тимска работа базирана на комуникација помеѓу општинските и  јавните служби претставува основа на нашата компетентност и услужност.

-           Планирање, превентива, подобрување и иновации во кој се вклучени граѓаните, вработените и другите заинтересирани страни.     

-           Градење на партенерски односи со сите заинтересирани страни кои учествуваат во унапредување на нашите услуги е наша трајна определба.

-           Оддржлив развој базиран на квалитет, заштита на животна средина, општа сигурност и безбедност на граѓаните.

-        Спроведувањето на оваа Политика и достигнување на нова деловна култура се овозможува со Програми за обучување и мотивација на вработените во Општинската администрација.

-         Преиспитување на Системот за квалитет од страна на Општинската управа се реализира со цел воспоставување на процес на постојано подобрување на планираните задачи и цели за квалитет.

 

 

 

 

                    Дата                                                                                    Градоначалник

               20.11.2017                                                                          на Општина Гевгелија

                                                                                                                     м-р Сашо Поцков 

 

© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio

Search