|
|
|
 |
| Гевгелија - Европска порта, Добродојдовте |
|
|
|
|
|

АКТУЕЛНО
ВЕСТИ |
|
|
|
|
ПОСЕТА НА СРПСКИОТ АМБАСАДОР
Амбасадорот на Република Србија во нашата земја, Зоран Поповиќ, заедно со конзулот Миливој Ѓурѓевиќ, престојуваа во посета на општина Гевгелија. Притоа, гостите беа примени од градоначалникот на општината Драги Делев, а имаа средба и со претставници на бизнис заедницата од општината.
На средбата со градоначалникот на општина Гевгелија, амбасадорот Зоран Поповиќ го изрази своето задоволство од посетата и соработката, како потврда на добрососедските односи меѓу двете земји. Српскиот амбасадор имаше и средба со претставниците на повеќе стопански компании во општината, пред се, оние кои остваруваат некаква соработкс со српски фирми или пак своето производство го пласираат на српскиот пазар. Во прв ред, преработувачите на зеленчук и овошје, оранжериските производители и откупувачите на жито, кои остваруваат добра соработка со српските фирми. Особено, вабриката за полиетиленски цевки "Конти-Хидропласт", која значаен дел од своето производство пласира во Србија. Од страна на гевгелиските стопанственици беше укажано на потребата од царински олеснувања на српските гранични премини, пред се, кога е во прашање извозот на звеж зеленчук и овошје. |
|
| |
|
СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ
На редовната средба со претставниците на локалните и републичките печатени и електронски медиуми градоначалникот Драги Делев ја најави реализацијата на неколку проекти, кои значително ќе придонесат за заштита на животната средина, како и за подобрување на условите за живот на инвалидизираните лица.
Градоначалникот Делев информираше дека започна реализацијата на пилот проектот со кој е предвидено поставување на канти за селектиран отпад. Односно за собирање на хартија, пластика и друг отпад во посебни канти. Кантите ќе бидат поставени на осум локации во градот, пред поголемите станбени блокови со цел граѓаните да се привикнуваат за селектрирање на отпадот. За целосна реализација на проектот ќе бидат набавени посебни машини за рециклирање.
Во меѓувреме, одредени фирми за преработка на пластика и хартија, во договор со ЈПКД Комуналец ќе вршат рециклирање на отпадот. Пилот проектот ќе биде проследен со посебна јавна кампања заради подготовка на граѓаните за селектирање на отпадот од домаќинствата и работните простори.
Делев информираше и за новиот сообраќаен режим, односно спроведувањето на Одлуката на Советот на општина Гевгелија за измена на сообраќајниот режим на одделни улици во Гевгелија. Според оваа одлука сообраќајот на улицата "Маршал Тито", од крстосницата со улицата "Мирче Ацев"(стар Пионерски дом) до железничката станица ќе се одвива во две насоки.
Исто така, во две насоки ќе се одвива и сообраќајот на улицата "Кирил и Методиј", која минува крај црквата Св.Кирил и Методиј. На оваа улица двонасочно сообраќајот ќе се одвива од крстосницата со улицата "Васо Карајанов" до крстосницата со улицата "Ристо Фаршинин". На оваа крстосница, односно пред црквата Св.Кирил и Методиј, уреден е кружен тек на движење на сообраќајот заради непречено одвивање на сообраќајот.
Покрај тоа, сообраќајот на улицата "Мицо Шаренков", крај заградата на УЈП-Гевгелија, ќе се одвива во една насока, односно во насока кон улицата "7 Ноември". На овој начин ќе се обезбеди разредување и пофункционално одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје.
Ве известуваме дека Центарот за поддршка на НВО – Гевгелија во партнерство со општина Гевгелија го реализира проектот „Еднаков пристап за сите“, финансиран од Фондација Институт Отворено Општество – Македонија (ФИОО-М) и општина Гевгелија.
Целта на проектот е подобрување на животот на лицата со телесен хендикеп и нивно активно учество во јавниот живот.
Тоа ќе го оствариме преку инсталирање на пристапни рампи во објектите на јавните установи, подигање на јавната свест за еднаквост за сите, преку организирање кампања, логистичка поддршка и едуцирање на здруженијата на лица со посебни потреби.
Една од активностите во проектот е изградба на пристапни рампи во објектите на јавните установи во општина Гевгелија.
Вкупниот буџет за изградба и поставување на пристапни рампи во објектите на јавните установи изнесува 300.000 мкд.
Изведувач на градежните зафати е фирмата „Стил Фантази“ Д.О.О. од Гевгелија.
Пристапни рампи во рок од десет дена ќе бидат поставени на следните објекти: Општина Гевгелија,Основен суд Гевгелија, Агенција за вработување, Фонд за здравствено осигурување, Пионерски дом, Даночно одделение-Гевгелија, СОУ „Јосиф Јосифовски“, ОУ „Владо Кантарџиев“ и Центар за поддршка на НВО (зграда на старо забавиште).
|
|
| |
|
НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Покрај редовното одржување на уличната мрежа од јавното осветлување, како во Гевгелија, така и во сите други населени места во општината, постојано се врши и обновување и проширување на уличната мрежа.
Во изминатиот период од годината, согласно Програмата, извршено е поставување нова улична инсталација во новата станбена населба "Касарна"и извршено е целосно нејзино осветлување. Исто така, на краците на улица "Гоце Делчев" извршено е поставување на нови канделабри. Активностите за проширување на уличната мрежа продолжуваат, како и редовното следење на состојбата со уличното осветлување и навремено отстранување на констатираните дефекти.
|
|
|
ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ 2008
На предвремените парламентарни избори во општина Гевгелија, кои се одржаа на 1 јуни 2008 година, од вкупно 19.621 избирачи на гласање излегле 15.010 граѓани. Од вкупниот број гласачки ливчиња 402 биле неважечки. Според официјалните резултати на Општинската изборна комисија Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 8237 гласови, додека Коалицијата-Сонце, предводена од СДСМ 5895 гласови. |
|
| Изборна единица 4 |
| Р. бр. |
НАЗИВ НА ЛИСТАТА |
НОСИТЕЛ НА ЛИСТАТА |
Резултати |
1. |
Движење за Национално Единство на Турците |
Mахмут Јонузи |
13 |
2. |
Партија за Европска Иднина – ПЕИ |
Зоран Витанов |
166 |
3. |
Група избирачи ПМ |
Панчо Минов |
40 |
4. |
ПАРТИЈА НА СЛОБОДНИ ДЕМОКРАТИ - ПСД |
Зоран Петрески |
43 |
5. |
СОЈУЗ НА ТИТОВИ ЛЕВИ СИЛИ |
Антоније Неделковски |
48 |
6. |
СОНЦЕ. Коалиција за Европа:
(Социјалдемократски Сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска Партија, Либерално – демократска Партија, Либерална Партија на Македонија, Нова Алтернатива, Зелена Партија на Македонија, Партија на пензионерите на Р. Македонија, Демократски Сојуз на Власите од Македонија – ДСВМ) |
Зоран Заев |
|
7. |
Трајно Македонско Радикално Обединување - ТМРО |
Ванчо Шехтански |
35 |
8. |
СОЦИЈАЛ - ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА - СДПМ |
Зоран Зашев |
92 |
9. |
Коалиција ВМРО - ДПМНЕ
(ВМРО – Демократска Партија за Македонско Национално Единство), Социјалистичка Партија на Македонија, Демократски Сојуз, Демократска Обнова на Македонија, Демократска Партија на Турците на Македонија, Демократска Партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, ВМРО - Македонска, Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија - СДА, Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Народно Движење за Македонија, Бошњачка Демократска Партија, Партија на Зелените, Демократска Унија на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Р.Македонија, Партија за Целосна Еманципација на Ромите. |
Зоран Ставрески |
8237 |
10. |
ТАТКОВИНСКА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА РАДИКАЛНА ОБНОВА – ВАРДАР – ЕГЕЈ – ПИРИН (ТМОРО - ВЕП) |
Миле Тошески |
39 |
|
| |
|
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
Претставници на ЗЕЛС и на проектот за избор на најдобри практики во единиците на локалната самоуправа во РМ престојуваа во општина Гевгелија и информираа дека Одборот за селекција, согласно планот за спроведување на програмата и изготвените критериуми, ја избра општина Гевгелија меѓу 12- те општини, кои аплицирале со најдобри практики. Општина Гевгелија аплицираше со проектот "Истурени канцеларии за комуникација - вистински сервис на граѓаните". Од потесната листа ќе бидат избрани 6, кои ќе бидат прогласени за најдобри практики на годинашниот избор. |
|
| |
|
ПРОМЕНЕТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ
Сообраќајот на улицата "Маршал Тито", од крстосницата со улицата "Мирче Ацев"(стар Пионерски дом) до железничката станица, како и на неколку други сообраќајници, во иднина ќе се одвива во две насоки. Со оваа промена всушност започнува примената на Одлуката на Советот на општината за измена на сообраќајниот режим. Со оваа одлука се предвидени измени во сообраќајниот режим заради пофункционално одвивање на сообраќајот.
Исто така, во две насоки ќе се одвива и сообраќајот на улицата "Кирил и Методиј", која минува крај црквата Св.Кирил и Методиј. И тоа, двонасочно сообраќајот ќе се одвива од крстосницата со улицата "Васо Карајанов" до крстосницата со улицата "Ристо Фаршинин". На оваа крстосница, односно пред црквата Св.Кирил и Методиј, ќе биде уреден кружен тек на движење на сообраќајот.
Покрај тоа, во иднина сообраќајот на улицата "Мицо Шаренков", крај заградата на УЈП-Гевгелија, ќе се одвива во една насока, односно во насока кон улицата "7 Ноември". На овој начин ќе се обезбеди разредување и пофункционално одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје. Истовремено, сообраќајно заживување на одделни сообраќајници и делови од градот.
Во функција на изменетиот сообраќаен режим градоначалникот на општина Гевгелија Драги Делев одржа состанок со претставници на СВР-Гевгелија и на сообраќајната инспекција. Притоа, е договорено по стапувањето во сила на одлуката и поставувањето на потребната хоризонтална и вертикална сигнализација да започне одвивањето на сообраќајот по новиот режим. Истовремено, е укажано на потребата од позасилена сообраќајна контрола, пред се, на паркирањето на возила на недозволени места и сообраќајници, бидејќи со ваквото однесување на одделни возачи се загрозува целокупниот сообраќај. |
|
| |
|
| НОВ ВОДОВОД ВО ПЕТРОВО
Започна изградбата на новата водоводна мрежа во Петрово со што ќе биде разрешен еден од основните проблеми со кои се соочуваат жителите на ова потпланинско село - водоснабдувањето. Реализацијата на овој проект ќе чини 3 милиони денари, а изведувач е компанијата "Гема-пласт", која на распишаниот тендер понуди најповолни услови. |
|
| |
|
| ДЕТСКИ СЕМАФОР
Гевгелија беше домаќин на јубилејниот 40-ти по ред Државен натпревар по сообраќај " Детски семафор" и "Сообраќајно техничка култура кај младите". На Републичките натпревари учествуваа над 200 натпреварувачи од целата земја во 34 екипи во "Детски семафор", дисциплина за учениците од основните училишта. Исто така, учествуваа и 30 натпреварувачи од 10 екипи како победнички екипи од 12 региони во "Сообраќајно техничка култура на младите" дисциплина за учениците од средното образование.
Учесниците на Државниот напревар по сообраќај ги поздрави и им посака добредојде во Гевгелија градоначалникот на општината Драги Делев, а натпреварот за отворен го прогласи претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Никола Ангеловски. Оваа традиционална манифестација за унапредување на сообраќајната култура на најмладите претставуваше убава можност за одмерување на знаењето на најмладите.Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој беше еден од организаторите, на натпреварите ја претставуваа учениците: Зоран Попов - ООУ ,,Ристо Шуклев,, - Негорци, Велко Мицевски - ООУ ,,Климент Охридски,, - Миравци, Боркица Марковска - ООУ ,,Ристо Шуклев,, - Негорци. Папучиева Данче - ООУ ,,Петар Мусев,, - Богданци, Пеев Ѓорѓе - ООУ ,,Петар Мусев,, - Богданци и Антониа Кокозова - ООУ ,,Ристо Шуклев,, - Негорци. |
|
|
| |
|
|
|
| |
|