|
|
|
 |
| Гевгелија - Европска порта, Добродојдовте |
|
|
|
|
|

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ
ЕКОНОМИЈА |
|
|
|
Развојот на економијата во општина Гевгелија се карактеризира со тенденција на постојан но релативно бавен пораст. Пред процесот на транзиција најголемо учество во формирањето на општествениот производ во 1990 година имаше земјоделието и рибарството со 32,60%, потоа индустријата и рударството 18,56%, трговијата 18,11%, сообраќајот и врските со 17,09% и т.н. Потоа, следува период во којшто Република Македонија спроведе комплексни програми за макроекономска стабилизација, структурни и институционални реформи, со цел создавање на модерна, ефикасна, пазарно ориентирана економија. Либерализацијата на надворешната трговија стана основен атрибут во начинот на живеење. На крајот од 1997 година во општината беа регистрирани вкупно 1395 деловни субјекти, од кои 651 во трговијата, 240 во земјоделството и рибарството, 100 во индустријата и рударството, 99 во сообраќај и врски и другите во сите останати дејности. Денес законската регулатива е целосно прилагодена и ги нуди сите погодности на едно модерно развиено економско општество. Според најновите податоци од Фондот за ПИОМ прикажани во наредната табела се забележуваат значителни промени во структурната застапеност на пооделните сектори. |
 |
| КВАНТИФИКАЦИЈА НА АКТИВНИ ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ |
| СЕКТОРИ НА ДЕЈНОСТ |
Број на деловни објекти |
Во % |
Вработени |
Во % |
| Примарен сектор |
37 |
8,39 |
387 |
5,45 |
| 1 |
Земјоделство, лов и шумарство |
37 |
8,39 |
387 |
5,45 |
| Секундарен сектор |
161 |
36,50 |
3687 |
51,90 |
| 3 |
Преработувачка индустрија |
86 |
19,50 |
2805 |
39,48 |
| 4 |
Снабдување на електрична енергија, гас и вода |
2 |
0,45 |
89 |
1,25 |
| 5 |
Градежништво |
16 |
3,63 |
190 |
2,68 |
| 6 |
Сообраќај, складирање и врски |
57 |
12,92 |
603 |
8,49 |
| Терцијален сектор |
223 |
50,57 |
2974 |
41,86 |
| 7 |
Трговија на големо и мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинства |
115 |
26,08 |
496 |
6,98 |
| 8 |
Хотели и ресторани |
15 |
3,40 |
733 |
10,32 |
| 9 |
Финансиско посредување |
11 |
2,49 |
78 |
1,10 |
| 10 |
Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности |
12 |
2,72 |
89 |
1,25 |
| 11 |
Јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита |
20 |
4,54 |
494 |
6,95 |
| 12 |
Образование |
8 |
1,81 |
265 |
3,73 |
| 13 |
Здравство и социјална работа |
22 |
4,99 |
636 |
8,95 |
| 14 |
Други комунални, културни, општи и лични Услужни активности |
20 |
4,54 |
183 |
2,58 |
| ВКУПНО |
421 |
95,46 |
7058 |
99,21 |
| 17 |
Некласифицирани по дејност (непозната дејност) |
20 |
4,54 |
56 |
0,79 |
| ВКУПНО |
441 |
100 |
7104 |
100 |
|
|
|
| |
|
|
|
| |
|