Лични податоци:
Роден 1957 година во Гевгелија, оженет и татко на три деца.
Образование:
Oсновно и средно образование има завршено во Гевгелија. Дипломирал Филозофски факултет-група Историја, по што предава во неколку основни училишта во општината. Во 1996 година продолжува со професионален ангажман во Радио Телевизија Гевгелија, каде што, најпрво, работи како новинар, а потоа и како директор на ова општинско информативно гласило.
Политичка активност:
Во политичкиот живот во Гевгелија се вклучува како член на СДСМ, а во 2003 година е избран за претседател на општинската организација на СДСМ-Гевгелија. Од април 2005 година, по изгласената доверба од граѓаните, е градоначалник на општина Гевгелија.
НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
- Ја претставува и застапува Општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на советот;
- Ги објавува прописите на советот во службено гласило;
- Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот;
- Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
- Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
- Го извршува буџетот на општината;
- Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
- Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот;
- Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
- Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација;
- Раководи со општинска администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
- Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут;
- Врши други работи утврдени со закон и со статут;
- Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти. |