Гевгелија - Европска порта, Добродојдовте

 

ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
 
Вести
Објави
Архива
Локација
Мапа на градот
Природни обележја
Релјеф
Клима
Население
Економија
Земјоделие
Индустрија
Сообраќај
Водовод
Канализација
Далноводи
Градоначалник
Совет на општината
Општинска администрација
Општи акти
Учество на граѓаните
Меѓународна соработка
Јавни претпријатија
Јавни установи
Прашајте го градоначалникот
Е-контакти со општината
Формулари
Седници на советот
Службени гласници
Јавни набавки
Водич за даночни обврзници
Програма за УП
Донесени УП
УП во постапка
Капитални објекти во изградба
Програма за комунално уредување
Програма за патишта
Реализирани проекти
Тековни проекти
Стратегија за одржлив развој
Програма за енергетска ефикасност
Бизнис клима
Акционен план
Програма
Манифестации
Стара архитектура
Верски објекти
Меморијални споменици
Движно културно наследство
Историја
Програма
Спортски објекти
Фудбал
Кошарка
Ракомет
Карате
Кик Бокс
Планинарење
Лов и Риболов
НВО
Галерија
 
 
 
 
 
ОТВОРЕНО СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

(ТВ Нова - 10. 07. 2008)

Летово поради тропските горештини две прашања во јавноста доминираат: пожарите и водоснабдувањето. Какви мерки се превземени околу навременото решавање на овие проблеми?

Поучени од минатогодишните искуства со пожарите, пред почетокот на горештините, одржав состанок со претставниците на сите надлежни општински и државни органи и институции за превземање на неопходните превентивни мерки.
Пред се, мобилизирање на Територијалната противпожарна единица, проверка на опремата и воведување на редовни дежурства. Но, исто така, и за воведување на дежурства од страна на шумските работници, а што е уште поважно навремено расчистување на затревениот простор долж железничката пруга. Посебно, ако се има предвид дека лани дел од појавените пожари беа предизвикани од транспорт на камен јаглен-кокс со железнички вагони.
Покрај ова, изработен е флаер со кој граѓаните се предупредуваат на опасностите кои можат да предизвикат пожар. Исто така, преку соопштение преку медиумите граѓаните од страна на територијалната единица се предупредени да не ги палат стрништата и да водат поголема сметка за да не дојде до пожар.

Граѓаните од југозападниот дел на Гевгелија, поточно, станбените блокови јужно од Градскиот стадион, се жалат на недостигот од вода за пиење, односно прашуваат дали и кога може да биде разрешен нивниот проблем?

Тропските горештини и неконтролираната потрошувачка на вода за пиење од страна на потрошувачите предизвикаа одделни тесни грла од водоводната мрежа во градот да остануваат без вода. Таков е станбениот блок и околните куќи јужно од Градскиот стдаион и овој проблем се провлекува со години. Затоа, од страна на комуналното претпријатие деновиве се прават напори за интервентно решавање на проблемот. Односно поставување на линиски пумпи за зголемување на притисокот на вода, бидејќи проблем не е водата, туку тесните цевки во овој дел од градот.
Второ критично подрачје е реонот околу улица "Кукушка", каде што водоснабдувањето, исто така, е отежнато. Затоа заедно со комуналното претпријатие изработивме проект за кружно поврзување на овој дел од градот со главната водоводна мрежа кај Касарната. Станува збор за прокопување и инсталирање на нова водоводна линија, долга околу 1,5 километар, чија изведба започнува веднаш. Што се однесува до населените места жителите на Моин, покрај постојните 50 кубика вода, со новиот резервоар добија уште 50 кубика, а тоа значи еден кубик по домаќинство, што е доволно.

Огласот за курсевите кои ќе бидат организирани летово во Грција предизвика голем интерес во јавноста. Група млади гледачи прашуваат колку дена ќе траат курсевите и кој ќе ги сноси трошоците?

Во зависност од курсот, но, од 15 до 20 работни дена, со напомена дека трошоците за престој, патување и за визи ги сноси организаторот. Два курсеви за управување со животна средина, како и еден курс за услужни вештини ќе се одржат во Солун, додека два курсеви за алтернативни форми на туризам ќе се одржат во Кукуш. Покрај овие курсеви за невработени, кои ќе се реализираат во рамките на прекуграничната соработка со општините во соседна Грција, еден курс за менаџментот со бизнис туризмот наменет за 20 вработени во фирмите од општина Гевгелија, ќе биде организиран во соработка со Стопанската комора во Кукуш. Од 21 јули во Бојмица ќе се одржи уште еден курс за менаџирање со отпад кој ќе го посетат десетмина вработени во општинската администрација, јавното претпријатие "Комуналец" и неколку фирми кои се занимаваат со оваа дејност.

Кога ќе биде одржана јавна презентација и расправа за Деталниот урбанистички план на дел од 4. урбана единица, прашува Стојан Димов од Гевгелија.

Јавната расправа е закажана за во вторник 15 јули, Нацрт-Деталниот урбанистички план е истакнат во Туристичко информативниот центар во Гевгелија и во Одделението за урбанизам. За да им се овозможи на граѓаните поефикасен увид на овој урбанистички документ, истиот ќе биде објавен и на ВЕБ-страницата на општина Гевгелија.Расправата трае 10 дена, во кој рок всушност граѓаните можат да ги поднесат своите предлози и забелешки.

Васил Гошев од Гевгелија, преку Вашиот и-меил го постави следното прашање: Веќе шест години трае забраната за извршување на градежни работи на сопствен имот на Вардарски рид, каде што е извршена само делумна експропријација. Уште колку години ќе поминат за решавање на овој проблем, прашува гледачот.

Како што е познато археолошкиот локалитет Вардарски рид во 2002 година беше прогласен за споменик на културата, а тоа значи под целосна државна надлежност. На локалитетот дел од парцелите се државни, а дел приватни, но, како општина немаме никакви надлежности околу експропријацијата. Бидејќи согласно Законот за заштита на спомениците на културата, правата и надлежностите во врска со Вардарскиот рид остануваат на Министерството за култура, а тоа значи дека негова надлежност е и покренување на постапка за експропријација на приватните парцели. И покрај тоа, како општина, за да им излеземе во пресрет на граѓаните, од Владата на РМ побаравме да ни биде пренесено правото на управување и користење на локалитетот, но, тоа не беше направено.

На 21 јули во Гевгелија ќе се одиграат натпреварите од Б групата на Светското женско јуниорско првенство во ракомет. До каде се подготовките?

Организационен комитет во кој членуваат претставници на покровителот, организаторите, јавни претпријатија и државни установи, како и на стопански претпријатија, веќе одржа неколку состаноци, а ги превзеде и сите неопходни подготвителните активности околу оваа спортска манифестација. Станува збор за значаен спортски настан кој ќе се одржи во спортската сала "26 април". За таа цел, извршено е целосно реновирање на салата, саниран е покривот, поставен е нов под, извршена е реконструкција на санитарните јазли и соблекувалните, а технички уредени се два семафори. Светското првенство ќе биде свечено отворено на 21 јули во 19.30 часот, кога покрај свеченото постројување на сите екипи, е предвидена и културно-уметничка програма. Како што е познато Гевгелија ќе биде домаќин на Б-групата од Светското женско јуниорско првенство во ракомет. Во рамките на првото коло, ќе се натпреваруваат ракометните екипи од Данска, Црна Гора, Јапонија, Ангола и Казахстан. Од страна на организациониот комитет, а согласно пројавениот интерес од страна на гевгелиските фирми, одредени се и покровителите на репрезентациите. Така хотел "Аполонија" ќе биде покровител на ракометарките од Данска, "Конти хидропласт" на Казахстан, "Техноалат комерц" на репрезентацијата на Црна Гора, "Бест компјутери" на Ангола и хотел "Фламинго" на ракометната репрезентација на Јапонија. Имајќи предвид дека од 21 јули во нашиот град ќе престојуваат голем број спортски работници и странци, кои за првпат доаѓаат не само во Македонија, туку и во Европа, потребно е на најдобар начин да го презентираме нашето гостопримство.

 
 
  Општина Гевгелија 2008  
  design by EPOHA