Врз основа на член 17 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Службен весник на РМ " бр. 51/05 год.) и член 38 став 1 точка 44 од Статутот на општина Гевгелија ("Службен гласник на општина Гевгелија" бр. 25/06 год.), Советот на општина Гевгелија, на седницата одржана на 27.12.2007 година, донесе
ГОДИШНА ПРОГРАМА
за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2008 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Со оваа програма се утврдуваат планските документи, кои ќе се изработат за урбанистичко уредување на просторот во градот Гевгелија, населените места и на подрачјето вон населените места (ГУП и ДУП за градот Гевгелија, УП за село и УП за подрачје вон населено место) во општина Гевгелија, изворите на средства за финансирање и други прашања поврзани со планските документи.
Со изработка на урбанистичките планови треба да се обезбеди рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет, одржлив развој, заштита на недвижно културното наследство и отварање на нови локации за:- домување
- комерцијални објекти
- јавни дејности
- индустрија и мало стопанство
- спорт и рекреација и
- планска изградба на комунални објектиПреку донесените урбанистички планови Општината ги реализира усвоените годишни програми за комунално уредување, за изградба на локални патишта и улици, водоводни мрежи, фекални и атмосферски канализациски мрежи, заштита на животната средина и др.
Потребата од изработка на урбанистичките планови, исто така, е иницирано и од Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина, врз основа на следењето на степенот на квалитетот и потребата за реализација на плановите, роковите на важноста на истите, новонастанатите промени и потреба за развој, како и предлозите, иницијативите и барањата од физичките и правните лица доставени до Одделението.
Изработката на урбанистичките планови ќе се финансира од Буџетот на општина Гевгелија, за која намена се педвидени 4.000.000,00 денари.
Урбанистичките планови ќе се изработуваат согласно Законот за јавни набавки од правни лица, кои поседуваат лиценца за вршење на оваа дејност.
II. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
1. ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
1. Измена и дополнување на детален урбанистички план
за центарот на град Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 11,50 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.2. Ревизија на детален урбанистички план за дел од урбан блок 120 ха
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.3. Детален урбанистички план за дел од урбан блок 2,
(северно од ул. "Маршал Тито" - ревизија)
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 15 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.4. Детален урбанистички план на дел од урбан блок 3 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 25.89 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.5. Детален урбанистички план на дел од урбан блок 4 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт Предлог план
- Површина на опфатот: 18 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.6. Детален урбанистички план на дел урбан блок 5 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.7. Детален урбанистички план за урбан блок 6 во Гевгелија (ревизија)
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 30 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.8. Детален урбанистички план на дел од урбан блок 7 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 15,50 ха
- Намена на просторот: домување, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.9. Ревизија на детален урбанистички план за дел од урбан блок 9 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, мало стопанство, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај.
1.10. Детален урбанистички план за урбан блок 10 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 77,43 ха
- Намена на просторот: комерцијални и деловни објекти; производство, дистрибуција и сервиси; зеленило и рекреација, јавни институции и сообраќај.
1.11. Детален урбанистички план за урбан блок 11 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 45,23 ха
- Намена на просторот: производство, дистрибуција и сервиси; зеленило и рекреација и сообраќај.
1.12. Детален урбанистички план за урбан блок 12 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 115,80 ха
- Намена на просторот: производство, дистрибуција и сервиси; зеленило и рекреација и сообраќај.
1.13. Детален урбанистички план за урбан блок 14 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 21 ха
- Намена на просторот: мало стопанство; производство, дистрибуција и сервиси; зеленило и рекреација и сообраќај.
1.14. Детален урбанистички план за урбан блок 15 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат : 21.40 ха
- Намена на просторот: домување, мало стопанство, комерцијални дејности, јавни дејности, хортикултурно уредување, спорт и рекреација и сообраќај, лесна и незагадувачка индустрија и стоваришта.
1.15. Детален урбанистички план за урбан блок 16 во Гевгелија
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 51.36 ха
- Намена на просторот: мало стопанство, индустрија и хотелски комплекси.
1.16. Детален урбанистички план за дел од урбан блок 5 во Гевгелија
(дел од поранешна касарна)
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 6 ха
- Намена на просторот: спорт и рекреација.
2. УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА СЕЛО
2.1. Урбанистички план за дел од село Миравци
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 50 ха (според ГУП)
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, спорт и рекреација, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
- Изработка на планот ќе се реализира по урбани единици
2.2. Урбанистички план за село Моин
- Фаза : Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
2.3. Урбанистички план за село Ново Конско
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 15 ха
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
2.4. Урбанистички план за село Смоквица
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
2.5. Урбанистички план за село Давидово
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 30 ха (според ДУП)
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, спорт и рекреација, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
- Изработка на планот ќе се реализира по урбани единици
2.6. Урбанистички план за село Хума
- Фаза : Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
2.7. Урбанистички план за село Конско
- Фаза : Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
2.8. Урбанистички план за село Серменин
- Фаза : Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: домување, деловни простори, трговија, сервиси, јавни функции, мало стопанство, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
2.9. Урбанистички план на туристички локалитет Смрдлива Вода
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 30 ха
- Намена на просторот: викенд куќи, хотели, угостителски објекти, јавни содржини, рекреација и спорт, услужни содржини, комунални објекти и др.
3. УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО
3.1. Урбанистички план вон населено место западно покрај
автопат Е 75 Прдејци-Смоквица
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 12,00 ха
- Намена на просторот: услужни објекти, придружни објекти, хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
3.2. Урбанистички план вон населено место покрај Автопак Е 75
од граница до мотел "Вардар" лево и десно од патот
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 100 ха
- Намена на просторот: услужни објекти, придружни објекти, хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
3.3. Урбанистички план вон населено место - Негорски Бањи
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20,0 ха
- Намена на просторот: здравно - туристички и објекти за банско лекување, објекти за рекреација и спорт, услужни дејности, хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
3.4. Урбанистички план вон населено место Мрзенци - Прдејци
- фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат 30,0 ха
- Намена на просторот: мали и средни стопански капацитети со придружни содржини, угостителство, сервиси, комунални објекти и др.
3.5. Урбанистички план вон населено место Прдејци - извор на термална вода
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површиона на опфат 20,00 ха
- Намена на просторот: мали и средни стопански капацитети со придружни содржини, угостителство, сервиси, комунални објекти и др.
3.6. Урбанистички план вон населено место од Динќут до Живинарска фарма
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 30,00 ха
- Намена на просторот: мали и средни стопански капацитети со придружни содржини, сервиси, услужни дејности, партерно и хортикултурно уредување, комунални објекти и др.
3.7. Урбанистички план за подрачје вон населено место м.в. Ада
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 20 ха
- Намена на просторот: хотелски комплекси, придружни објекти, услужни, комунални, хортикултурно уредување и др.
3.8. Урбанистички план за подрачје вон населено место Мрзенци - Негорци
- Фаза: Нацрт и Предлог план
- Површина на опфат: 30 ха
- Намена на просторот: хотелски комплекси, придружни објекти, услужни, комунални, хортикултурно уредување и др.Измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Гевгелија, кои се од општ интерес, може да врши Советот на Општината Гевгелија.
III. Оваа Годишна програма влегува во сила осмиот ден од денот на
објавувањето во "Службен гласник на општина Гевгелија".
|