Врз основа на член 28 од Статутот на општина Гевгелија ("Службен гласник на општина Гевгелија"бр.25/06 год.), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на Пеесет и третата седница
на Советот на општина Гевгелија
Ја свикувам Пеесет и третата седница на Советот на општина Гевгелија на ден 27.06.2008 година (петок). На седницата која ќе се одржи во салата на Советот на општина Гевгелија, со почеток во 11 часот, предлагам да се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД:
1.Нацрт-Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок " 4 " Урбана единица "А" за градот Гевгелија за 2007-2012 година.
2.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Гевгелија за 2008 година.
3.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2008 година.
4.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2008 година.
5.Предлог-Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинаската администрација на општина Гевгелија
6.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Југоисточниот плански регион.
7.Предлог-Одлука за формирање на Комисија за предлагање листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во општина Гевгелија.
8.Предлог-Одлука за утврдување надоместок на членовите на Комисијата за утврдување пазарната вредност на недвижниот имот во општина Гевгелија.
9.Предлог-Годишна програма за измена и дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2008 година.
10.Информација за состојбата со јавното осветлување во општина Гевгелија.
11.Информација за настанати штети од невремето што ја зафати општината на ден 18.06.2008 година.
12.Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди.
Материјалот по петтата точка Ви беше доставен за 52-та седница, а материјалот за 12-тата точка ќе Ви биде доставено дополнително.