Во општина Гевгелија се застапени патниот и железничкиот сообраќај. Низ територијата на општината минува автопатот Е75 (Европски коридор 10) кој ги поврзува Средна Европа со Грција и Мала Азија. Должината на овој пат во територијата на општината изнесува 30 км, од кои 10 км се нов модерен автопат а останатите 20 км треба да се модернизираат. Во општината постојат и регионални патишта:
• Р-111 ја поврзува Гевгелија со Богданци за Нов Дојран, Стар Дојран до преминот преку македонско-грчката граница;
• Р-604 за Валандово, односно Струмица, Радовиш и Штип и
• Р-112 од Гевгелија преку Моин и Конско до Смрдлива Вода.
Вкупната должина на локални патишта во општина Гевгелија изнесува 91,68 км локални патишта. Само 27,13 км или 29,59% се асфалтирани; 28,25 км се тампонирани и 36,3 км се пробиени.Општина Гевгелија по воздушен пат со светот е поврзана преку аеродромот Петровец во Скопје, оддалечен 169 км, аеродромот Охрид (262 км) и аеродромот во Солун (99 км).Реката Вардар која поминува низ територијата на општината не е пловна, иако, постојат услови за нејзина пловност во рамките на Европскиот пловен систем.
Улици
Уличната мрежа во градот според значењето и функцијата поделена е на примарна и секундарна. Примарната се состои од артеријални и колекторски улици, а секундарната од локални - собирници, станбени улици и станбени пристапи. Артеријална улица во градот е булеварот "Гевгелија" од клучката на автопатот до семафорите со два коловози се до вкрстувањето со улица "Деко Ковачев" со еден коловоз. Од колекторските улици, целосно или делумно се изведени следните: • Правец север-југ: Борис Кидрич, Таља Бикова, Мирче Ацев, 7-ми Ноември, Петар Мусев.• Правец исток-запад: Радован Ковачевиќ, Слободан Митров-Данко, Маршал Тито.Вкупната должина на улици во општината е 60,2 км улици од кои 62,96% се асфалтирани; 3,48% се тампонирани и 33,56% се пробиени или земјени улици.