Гевгелија - Европска порта, Добродојдовте

 

ОПШТИНСКИ ОРГАНИ
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Вести
Објави
Архива
Локација
Мапа на градот
Природни обележја
Релјеф
Клима
Население
Економија
Земјоделие
Индустрија
Сообраќај
Водовод
Канализација
Далноводи
Градоначалник
Совет на општината
Општинска администрација
Општи акти
Учество на граѓаните
Меѓународна соработка
Јавни претпријатија
Јавни установи
Прашајте го градоначалникот
Е-контакти со општината
Формулари
Седници на советот
Службени гласници
Јавни набавки
Водич за даночни обврзници
Програма за УП
Донесени УП
УП во постапка
Капитални објекти во изградба
Програма за комунално уредување
Програма за патишта
Реализирани проекти
Тековни проекти
Стратегија за одржлив развој
Програма за енергетска ефикасност
Бизнис клима
Акционен план
Програма
Манифестации
Стара архитектура
Верски објекти
Меморијални споменици
Движно културно наследство
Историја
Програма
Спортски објекти
Фудбал
Кошарка
Ракомет
Карате
Кик Бокс
Планинарење
Лов и Риболов
НВО
Галерија
 
 
 
 
 
Општина Гевгелија во 2007 година имаше богата меѓународна соработка, која се одвиваше преку натамошно унапредување на прекуграничната соработка, проширување на соработката со збратимените општини во странство и збогатување на искуствата со развојот на локалната самоуправа во развиените земји. Градоначалникот на општината, согласно надлежностите за претставување и застапување на општината, оствари повеќе средби со претставниците на ЕУ и другите меѓународни институции во нашата земја, како и со претставници на локалната власт и бизнис заедницата во пограничните општини во соседна Грција.
Притоа, беа потпишани меморандуми за соработка, врз основа на кои општина Гевгелија се јави како партнер во реализацијата на повеќе проекти за заштита на реката Вардар и животната средина, за претприемништво, за унапредување на винарството и за културна размена. Истовремено, овие прекугранични општини се јавија како партнери во реализацијата на проекти во општина Гевгелија, како што е изградбата на мост на Сува река, кој пред Европската агенција за реконструкција беше подржан од општина Бојмица.
Прекуграничната соработка е проширена преку потпишувањето на Меморандум за соработка со општина Солун, која за реализација на проектот за уредување на Солунскиот кеј пред Интеррег 3А програмата ја побара подршката од општина Гевгелија како партнер. За отворање пак на Канцеларија за развој на прекуграничното претприемништво во Гевгелија беше потпишан Меморандум за соработка со Стопанската комора на Кукуш. Ваквите активности значително придонесоа за натамошно зајакнување на веќе воспоставената прекугранична соработка.
Соработката со збратимените општини беше интензивирана преку размена на искуства со локалната самоуправа во Инџија, пред се, околу сервисирањето на услугите кон граѓаните. Но, и преку обновување на соработката со општината Сежана во Словенија со посетата на општинско-стопанската делегација, предводена од градоначалникот Даворин Тарчун. За време на посетата и бројните средби словенечките стопанственици изразија подготвеност за унапредување на стопанската размена и вложување во Гевгелискиот регион.
Во рамките на веќе воспоставената соработка со општина Севлиево, НР Бугарија, во посета на Гевгелија престојуваа 35 градоначалници на населените места во оваа општина, кои покрај посетата на културните и туристичките знаменитости, се запознаа и со работата на локалната самоуправа во општина Гевгелија.
Инаку, минатата година Градоначалникот на општината ја предводеше општинската делегација, која заедно со уште четири општински делегации од земјата, беа гости на Медитеранскиот институт за агрономија во Бари, Италија, а која посета беше организирана од Македонската програма за подршка на советодавните услуги во земјоделството. Исто така, Градоначалникот престојуваше во посета на Регионалниот центар во Австрија, организирана од ГТЗ РЕДЕМ, а по покана од ЗЕЛС учествуваше во работата на меѓународниот семинар "Општините, европските региони и институционални реформи" во Сегедин, Унгарија, организиран и подржан од Европската агенција за развој, Норвешката и Унгарската агенција за развој.
По покана од градоначалникот на Лас Вегас Градоначалникот на општина Гевгелија престојуваше во посета на САД, која беше искористена за промоција на Гевгелија како туристички центар. Но, и за привлекување на заинтересираните американски инвеститори за вложување во општина Гевгелија.
 
 
  Општина Гевгелија 2008  
  design by EPOHA