Гевгелија - Европска порта, Добродојдовте

 

АКТУЕЛНО
ВЕСТИ
Вести
Објави
Архива
Локација
Мапа на градот
Природни обележја
Релјеф
Клима
Население
Економија
Земјоделие
Индустрија
Сообраќај
Водовод
Канализација
Далноводи
Градоначалник
Совет на општината
Општинска администрација
Општи акти
Учество на граѓаните
Меѓународна соработка
Јавни претпријатија
Јавни установи
Прашајте го градоначалникот
Е-контакти со општината
Формулари
Седници на советот
Службени гласници
Јавни набавки
Водич за даночни обврзници
Програма за УП
Донесени УП
УП во постапка
Капитални објекти во изградба
Програма за комунално уредување
Програма за патишта
Реализирани проекти
Тековни проекти
Стратегија за одржлив развој
Програма за енергетска ефикасност
Бизнис клима
Акционен план
Програма
Манифестации
Стара архитектура
Верски објекти
Меморијални споменици
Движно културно наследство
Историја
Програма
Спортски објекти
Фудбал
Кошарка
Ракомет
Карате
Кик Бокс
Планинарење
Лов и Риболов
НВО
Галерија
 
 
 
 
 

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА

Советот на општина Гевгелија на 27 јуни 2008 година ја одржа 53. седница на која разгледа повеќе предлог одлуки. Советниците донесоа Нацрт-одлука за донесување на Деталниот урбанистички план за дел од Блок 4 урбана единица А во градот Гевгелија за 2007-2012 година.
Советот на општината расправаше за невремето што ги зафати Миравци и Давидово и причинитетите штети, при што од страна на градоначалникот на општината беше информиран за досега превземените активности за пријавување и проценка на штетите. Притоа, беше заклучено Елаборатот за проценка на штетите од страна на Општинската комисија за проценка на штетите од елементарни непогоди да биде што поскоро изработен.
Советот донесе Одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина Гевгелија со која, покрај другото, се обезбедуваат финансиски извори за финансирање на дел од активностите за Светското женско јуниорско првенство во ракомет, чиј покровител е општина Гевгелија, а кое од 21 до 24 јули годинава ќе се одржи во Гевгелија. Исто така, советниците донесоа и одлука за формирање на Комисија за предлагање на листа на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во општината.
На дневен ред на седницата на Советот на општината, по трет пат, се најде Предлог-одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Гевгелија. Бидејќи како што објасни градоначалникот на општината, со Уредба на Владата на РМ општината е обврзана да формира одделение за човечки ресурси, поради што и неопходни се измени во досегашниот текст на одлуката. Но, споменатата одлука и овој пат не беше прифатена од мнозинството советници без никакво објаснување.

 

ВОДОСНАБДУВАЊЕ

На почетокот од летото, кога општина Гевгелија ја зафатија тропски горештини, а потрошувачката на вода за пиење е сначително зголемена, се реализираа неколку проекти за подобрено водоснабдување на населените места.
Жителите на Моин летово ќе имаат двојно повеќе количества вода за пиење, по изградбата на новиот водовод, што го изведе компанијата "Алфа проект". Изведбените работи завршија, во тек е поврзувањето на новиот бунар со старата каптажа, по што и водоснабдувањето во ова населено место ќе биде значително подобрено.
Во Петрово привршуваат работите околу изградбата на новиот водовод, по што жителите во ова населено место, уште летово ќе пијат квалитетна вода,а ќе ја имаат во доволни количества. Реализацијата на проектот чини 3.000.000 денари, а изведувач на работите беше компанијата "Гема пласт", која на објавениот тендер имаше најповолна понуда.
Заради разрешување на проблемите со водоснабдување во Смоквица, во тек е изработка на проект, по што ќе биде поведена постапка за негова реализација и изградба на нов бунар за обезбедување на нови дополнителни количества вода за пиење за смоквичани, кои летово честопати остануваат беа вода за пиење.

 

СМРДЛИВА ВОДА

Во пресрет на главната туристичка сезона, општина Гевгелија заедно со ЈПКП "Комуналец" организираат акција за уредување на делови од планинското одморалиште Смрдлива вода. Покрај уредувањето на централниот дел од одморалиштето, каде што беа поставени клупи и детски играчки, формирана е посебна екипа за одржување на комуналната хигиена.
Покрај редовното собирање и отпремување на комуналниот отпад, ќе бидат превземени повеќе акции за уредување на одделни јавни површини, санација на јавните санитарни јазли, како и другите јавни објекти. Заради отстранување на одделни појави, кои ја загрозуваат средината во ова планинско одморалиште, мобилизирани се инспекциските служби, кои уште во текот на оваа недела ќе започнат си позачестени инспекциски контроли.

 

ПОСЕТА НА БЕЛГИСКИОТ АМБАСАДОР

Амбасадорот на Белгија, господинот Филип Беке, со седиште во Софија, кој е ополномоштен амбасадор и за РМ, престојуваше во посета на општина Гевгелија. Притоа, белгискиот амбасадор се сретна со градоначалникот на општината Драги Делев, а имаше средба и со претставници на бизнис заедницата од општината. Белгискиот амбасадор на средбата со градоначалникот на општина Гевгелија, беше запознаен со развојот на општината, посебно локалниот економски развој. Пред се, проектите кои се во фаза на реализација, а кои значително можат да придонесат за заживување на инвестиционата активност и создавање на услови за отворање на нови работни места. Потоа, амбасадорот Беке ја посети винаријата "Јостела", каде што имаше средба со преработувачите на овошје и зеленчук од општината и други стопанственици. Средбата беше збогатена и со презентација на преаботките од зеленчук и овошје од гевгелиските конзервни фабрики, како и вино, при што амбасадорот Филип Беке ја изрази својата подготвеност за воспоставување на потесна соработка меѓу гевгелиските фирми со белгиските компании. Пред се, за остварување на пласман на овие, како што самиот забележа, толку вкусни и квалитетни производи. Инаку, белгискиот амбасадор при престојот во Гевгелија ги посети и оранжериите на "Баџо" ДООЕЛ Гевгелија, кај термалните извори кај Смоквица.

 
ШТЕТИ ОД ГРАД

На 18 јуни 2008 година општина Гевгелија, поточна атарите на населените места Миравци и Давидово, ги зафати силно невреме проследено со град, кој предизвика огромни штети на земјоделските посеви. Градот зафатил површина од 400 хектари со разни земјоделски куилтури, а според првичните проценки штетите се движат од 10 до 100%. Веднаш по невремето претставници на Општинската комисија за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди, заедно со преттставник на ПО на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, извршија увид на теренот. Притоа, беше контстатирано дека најголеми штети биле предизвикани кај лозовите насади, бидејќи не само што е уништен родот за оваа година, туку кај лозовите насади ќе има последици и во наредните години. Инаку, според првичните сознанија од градот биле зафатени околу 40 хектари со лозови насади, околу 140 хектари со житни култури и над 200 хектари со градинарски, индустриски, фуражни и други култури. Наредниот ден по невремето Оптштинската комисија во канцеларијата на општина Гевгелија во Миравци организираше пријавување на предизвиканите штети кај земјоделците. Истовремено, беа активирани и стручните комисии за проценка на штетите, кои покрај посевите на физичките лица, предизвикаа пустош кај лозовите насади и на правните лица. Градоначалникот на општина Гевгелија Драги Делев по невремето го посети Миравци и изврши обиколка на на оштетните земјоделски посеви. На средбата со оштетените земјоделци тој најави дека Општинската комисија ќе настојува во што пократок рок да изврши евидентирање и проценка на пријавените штети, по што елаборатот ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Инаку, само за два дена во канцеларијата во Миравци над стотина земјоделци од ова и населеното место Давидово пријавија штета од градо

 
ПРЕВЕНТИВНО ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ

Сите надлежни служби, инспекциски органи, јавни претпријатија и државни установи треба да ги преземат неопходните мерки за заштита од пожарите. Тоа беше една од пораките од состанокот кој крадоначалникот на општина Гевгелија Драги Делев го свика и одржа со претставниците на ТППЕ- Гевгелија, Центарот за управувањсе со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР-Гевгелија, ПЕ на Министерството за одбрана, ЈП Македонски жуми, ЈП Македонски железници.
На состанокот стана збор за мерките што треба да бидат превземени од страна на сите овие институции за превентивна заштита од можните летни пожари. Особено ако се имаат предвид најавените пеколни горештини кои ќе го зафатат летово подрачјето на општина Гевгелија. Секако тредба да се имаат предвид и минатогодишното искуство и последици од пожарите кои зафатија делови од општина Гевгелија. Од страна на Територијалната противпожарна единица во Гевгелија најавена е целосна подготвеност за справување со огнената стихија, но беше укажано и на потребата од преземање на одделни превентивни мерки. Пред се, од страна на јавните претпријатија за стопанисување со шумскиот фонд преку активирање на мобилните екипи, како и од Македонски железници за чистење на затревениот простор крај пругата, кој е најчеста и потенцијална опасност за предизвикување на пожар.

КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ

Општина Гевгелија, во соработка со ЈПКД Комуналец, започна со реализацијата на пилот проектот за селекција на отпадот од домаќинствата и од јавните институции. За таа цел, се набавени 24 специјализирани контејнери за хартија, пластика и друг отпад кои се поставени на 8 посебни локации во градот.
Целта на проектот е да се подигне свеста кај граѓаните за корисноста од селекцијата на отпадот и неговото рециклирање, како и да се заштити животната средина и да се подобри изгледот на урбаната средина. Имено, на осумте еко острови се поставени посебни контејнери за собирање на хартија, пластика и за друг отпад. Контејнерите се со различна боја и посебно се обележани, така што граѓаните можат брзо и без никакви проблеми да го оставаат селектираниот отпад. Тие се поставени на локации во непосредна близина на детските градинки и училишта, како и поголемите станбени блокови со цел граѓаните, пред се, најмладите да го селектираат отпадо. Контејнерите ќе ги празнат камионите на комуналното претпријатија, кое хартијата и пластиката ќе ги депонира во специјализираните претпријатија во општинаата за оваа намена.

 
 
 
  Општина Гевгелија 2008  
  design by EPOHA