ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ФК„МИРАВЦИ“ ЌЕ СЕ ПРЕРЕГИСТРИРА ВО ФК„КОЖУФ“

Советот на општина Гевгелија на својата петта седница донесе одлука со која фудбалското игралиште со придружните објекти на Градскиот стадион во Гевгелија му ги отстапи на десетгодишно користење и одржување на ФК"Миравци".

Веднаш по донесувањето на оваа одлука ФК"Миравци" е обврзано веднаш да се пререгистрира во ФК"Кожуф". Така, Гевгелија и општината ќе добијат еден елитен фудбалски клуб.
Имено, управата на ФК"Миравци" од Миравци поднесе барање до општина Гевгелија, како сопственик на Градскиот стадион, за давање на користење на фудбалското игралиште на стадионот со придружните објекти. Истовремено, покрена и иницијатива за спојување на двата фудбалски клуба.
Советот на општината оцени дека имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа ФК"Кожуф" и потребата од одржување на фудбалското игралиште, го прифати барањето од ФК"Миравци" како оправдано. Со тоа што фудбалскиот клуб, исто така, се обврзува да се натпреварува во системот на натпревари организирани од ФФМ, и тоа, во сите категории на фудбалери. Особено, што на користење го имаат не само новото фудбалско игралиште во Миравци, туку и фудбалското игралиште во Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________