
Биографија

Кратка биографија на Сашо Поцков, градоначалник на општина Гевгелија.
Роден 17.05.1966 во Гевгелија каде завршува основно и средно образование.
Дипломира 1989 година на Економски факултет при Универзитет "Св.Кирил и Методиј" во Скопје.
Во 2000 година запишува постдипломски студии на истиот Универзитет и магистрира во 2003 година во областа МБА.
Oженет и горд татко на две полнолетни деца.
Професионална кариера :
Прво вработување во ,,ЗИК Винојуг" Гевгелија - сектор комерција.
Од 1997 до 1999 година е генерален директор на ,,ЗИК Винојуг" Гевгелија.
Од 2005 до 2014 година е вработен во,,АД Осигурителна полиса" како менаџер на експозитура во Гевгелија.
Политичка кариера:
На локалните избори 2009 година е носител на Советничка листа на СДСМ. Станува советник во Советот на општина Гевгелија и истата функција ја извршува до март 2013.
Од 2014 до 2017 станува пратеник во два мандати во Собранието на Република Македонија.
На локалните избори во октомври 2017 е избран за градоначалник на општина Гевгелија.