
Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈA
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
СОВЕТ НА ОПШТИНА
Бр.09-1795/1
27.11.2020 год.
ГЕВГЕЛИЈА
Врз основа на член 28 од Статутот на Oпштина Гевгелија (“Службен гласник на Oпштина Гевгелија” бр.25/06, 08/10 и 18/14 год.), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на педесет и петтата седница
на Советот на Општина Гевгелија
Ја свикувам 55-та (педесет и петтата) седница на Советот на Општина Гевгелија за ден 04.12.2020 година (петок).
На седницата која ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, предлагам да се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД:
- Нацрт-Буџет на Општина Гевгелија за 2021 година,
- Нацрт-Програма за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија за 2021 година,
- Нацрт-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2021 година,
- Предлог-Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња,
- Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01 – 30.09.2020г., со посебен осврт на периодот 01.07 – 30.09.2020 година.
- Информација за хортикултурното уредување во општина Гевгелија,
- Информација за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија.
Претседател
на Советот на Општина Гевгелија,
Тодор Ристов, с.р.