Име и Презиме:

Email адреса:



Одберете вид на проблем:


Опис на проблемот:



Општина Гевгелија заради подобрување на ефикасноста на општинските служби и јавното претпријатие воведува систем 48 часа, кој ќе придонесе во подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.

За да го решите Вашиот комунален и друг вид проблем во надлежност на локалната самоуправа, доволно е само еден телефонски повик, SMS порака, email или едноставно пополнување на формата подолу.

Системот 48 часа е дизајниран да биде на услуга на граѓаните и на располагање 24 часа во текот на денот.

Граѓаните својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно;

Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен;

Во рок од 48 часа граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот на пријавеното барање за решавање.



Системот 48 е уникатен информационен систем во Р. Македонија, со кој во рок од само 48 часа ќе се овозможи решавање на проблемите и на барањата на граѓаните на општина Гевгелија.

Системот 48 часа ќе обезбеди подобар квалитет и контрола на општинските услуги кон грашаните.

Системот 48 ќе придонесе за решавање на проблемите и барањата на граѓаните на нов модерен и едноставен начин, преку евиденција на барањето кое ќе се заснива само на технички податоци и факти.



Општина Гевгелија, со цел да воспостави подобра комуникација со граѓаните отвори дежурен повикувачки центар во кој граѓаните своите проблеми, барања, предлози, забелешки, кои се во надлежност на Општината можат да ги пријават:
- Лично (со доаѓање на граѓанинот на шалтер кој се наоѓа во бараката на одделението за даноци и такци зад општинската зграда);
- На фиксен телефон со број 034 611 999(од 08:00 до 16:00 часот се јавува референтот, а потоа пораката ќе ја забележи говорниот апарат);
- Преку SMS Порака на: 076 211 999.
- Преку испраќање на email на: sistem48@gevgelija.gov.mk