
Мирјана Крстева Массети на Меѓународната ликовна колонија „Нижеполе“ во Битола

Гевгелиската ликовна уметница Мирјана Крстева Массети
учествуваше на годинашната Меѓународна ликовна колонија „Нижеполе“, која веќе две децении се одржува во Битола. Во импровизирано атеље во хотелот „Молика“ на Пелистер 18 уметници од Македонија, Холандија, Грција и Србија, твореа инспирирани од убавините на Пелистер. Меѓу нив и Мирјана Крстева Массети, чие дело - лирска апстракција од прекрасните планински предели ќе стане дел од богатиот ликовен фонд на оваа колонија. Ликовните дела од Меѓународната ликовна колонија „Нижеполе“ кои беа создадени на Пелистер, традиционално ќе бидат изложени на 15 септември 2019 година во Битола.