Image
Актуелно

СПАСОВДЕН 2019: ТЕАТАРСКА  ПРЕТСТАВА И КОНЦЕРТИ

Општина Гевгелија и годинава ќе го одбележи својот патронен празник Спасовден со неколку културни манифестации. Организатор на настаните е Домот на културата во Гевгелија, а годинашната програма се одржува под мотото „Свети спасе зелен класе“. Прославата на Спасоведен 2019 започнува на 3 јуни (понеделник) со театарска претстава. Во Гевгелија гостува Велешкиот театар со претставата „Синиот портокал“ во Народниот театар, со почеток во 20 часот.

На 5 јуни (среда) во Гевгелија, на платото пред Библиотеката „Гоце Делчев“ концерт ќе одржи ансамблот „Македонија“, кој работи во рамките на Универзитетот “Гоце Делчев “во  Штип. На концертот, кој започнува во 20 часот, ќе биде презентирана македонската староградска музика низ песна и игра,

Традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, која ја негува македонската староградска песна, ќе се одржи на 6 јуни (четврток).На платото пред споменикот на Сава Михајлов, во центарот на Гевгелија ќе настапат пеачките групи и ансамбли од неколку градови во земјата.

 

Прашајте го градоначалникот

Image

Гевгелиски Магазин

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio

Search