Image
Останато

Прес сервис

ПОКАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА УТРЕШНАТА ПРОСЛАВА 

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на денешната прес конференција упати покана до граѓаните на општина Гевгелија за утрешната прослава по повод поканата за Република Македонија за членство во НАТО. Притоа, тој рече:

Почитувани сограѓани,

Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина!

Македонија започнува нова приказна. Со добиената покана за НАТО и датум за преговори со ЕУ, нашата земја зачекорува во ново време.

Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја.

Ве поканувам оваа сабота, на 14 јули, да се обединиме и заедно да го прославиме историскиот успех на Македонија.

Голема граѓанска прослава во 15 градови ширум земјата заедно со најголемите домашни ѕвезди. Меѓу овие 15 града, каде ќе се слави, е и Гевгелија.

Оваа сабота, на 14 јули 2018 година, во 21:00ч, Ве поканувам на градскиот плоштад на голема забава заедно со Бени Нон Стоп и Златко Ориѓански и Ерик Фокс. 

Да ја прославиме поканата на Македонија во НАТО и ЕУ.

 

 

© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio

Search