Локалната самоуправа, како и секторот Инспекторат за животна средина при Oпштина Гевгелија, упатува известување до јавноста во врска со чистиот воздух што е право на секој граѓанин и наша обврска е да се бориме за тоа право. Со заеднички сили треба да продолжиме да работиме на подобрувањето на условите за живот во нашата Гевгелија за да го заштитиме здравјето на сите нас и идните генерации.
Заложбите и напорите како на локалната, така и на централната власт преку конкретни мерки за да се редуцира степенот на загадување, очигледно не допираат до вистинските адреси.
Повикуваме и апелираме на почитување, одговорност и свесност до сите сограѓани согласно законите и обврските во делот на аерозагадувањето.
Се апелира до сите граѓани доколку забележат какви било случаи на загаденост, навремено да се јават на систем 48- 076/211-999 или на општинскиот инспектор за животна средина 078/412-460.
Иако инспекторите се ограничени со своите ингеренции, тие ќе постапат во рамките на своите надлежности и ќе преземаат мерки согласно законодавството.
Вашето активно учество во борбата против загадувањето е клучно за подобрување на нашата животна средина.