Завршија градежните активности за реконструкција на улицата „Браќа Миладинови“ во Гевгелија, на површина од 1200 м2. Со новиот асфалт, по 5 децении, улицата доби нов лик. Поради лошата состојба, пред асфалтирањето беше извршено гребење и пополнување на долниот слој на повеќе места, а проширен е и влезот со нови рабници на соодветна висина.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека оваа улица поради големата оштетеност беше дел од приоритетните проекти за реализација во тековната 2025 година. По реконструкцијата и извршувањето на барањата на граѓаните кои гравитираат кон „Браќа Миладинови“, им се овозможени услови за непречено одвивање на сообраќајот.













