
3 место за АК „7 Ноември“- Гевгелија на „Трчај бе“ во Битола

15 членови
на АК „7 Ноември“- Гевгелија зедоа учество на битолскиот спортски настан- Атлетската трка „Трчај бе, кој го дожиева своето трето издание. Помеѓу 1000 тркачи од земјата и странство беа: Тоше Анчев, Никола Ковачев, Валентина Узунова, Кристијан Прошевски, Игор Коцевски, Драган Ристов, Данче Крајчева, Ангел Делиќ, Русимка Динева, Кристина Узунова, Магдалена Јованова, Атанас Епов, Ристо Чалков, Стојан Делев и Дарко Прошевски од Клубот, како и Цеца Србова и Цеца Нечевска. Натпреварувајќи се во категориите на градската трка, на 5 и 10 км. Овој пат надградена и со категориите на 21 км и Балканско првенство во полумаратон.
Во трката на 5 километри, кај мажите, Атанас Епов го освои четвртото место со резултат од 17 мин и 06 секунди, Стојан Делев беше 10 со време од 18 минути и 50 секунди, а веднаш зад него се пласираше и Ристо Чалков, додека кај жените Цеца Србова го освои високото второ место со време од 21 мин и 55 сек. На 10 километри, Тодор Анчев беше 8 со време од 39 мин и 44 сек., а Никола Ковачев се пласираше на 16 место. Екипно, тркачите на АК „7-ми Ноември“ го освоија 3 место.
На Балканското првенство во полумаратон се натпреваруваа тркачи од Македонија, Турција, Косово, Бугарија, Романија, Хрватска, Албанија и Србија.