
Дуо „Скупи“ со концертен настап повторно во Гевгелија

Дуото „Скупи“
со својот музички репертоар гостуваше повторно во Гевгелија. На 21 октомври, 2021 година, во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 19 часот, беше одржан концерт на класична музика со преработени стари македонски песни и ора во изведба на Јета Старова-Мехмети (флејта) и Ермаљ Мехмети (виолина). Во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, а во соработка со ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија.
Беа изведени: „Сношти сакав да ти дојдам“, „Не си го продавај Кољо Чифлигот“, „Се посврши Сербез Донка“, „Јано Мори“, „Касапско оро“, „Море сокол пие“, „Опа Иха“, „Си заљубив едно моме“ и „Пајдушко оро“. Со овој концерт „Дуо Скупи“ го промовираше својот трет албум „New mak sound“ на кој се поместени 8 обработки на македонски народни песни и ора.
Сите овие и останатите композииции кои се на нивниот репертоар се преработени, аранжирани и напишани од Ермал Мехмети, според стари македонски песни и ора.