
Низа новогодишни активности во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и нејзините клонови

Вработените и згрижените деца
во ЈОУ Детска градинка „Детска радост“- Гевгелија и нејзините клонови во Гевгелија и останатите населени места во пресрет на Новата година организираа многубројни новогодишни активности. Секој на свој креативен начин, преку претстави, рецитали и кореографии, го одбележаа крајот на минатата 2021 година.
Покрај дечињата, во новогодишната програма учествуваа и воспитувачите и негувателите со улоги во претстави со новогодишна тематика. Заедно, сложни и со итрини го надмудрија лошиот волшебник и ја спасија Новата година. Или, преку приказните на Петар Пан, Ѕвончица, Снежана, Заспаната убавица, Јованче и Марика со дечињата го дочекаа пристигнувањето на најпосакуваниот и долгоочекуваниот Дедо Мраз.
- И оваа зима празниците ќе има, празниците наближуваат, во градинките се навестуваат, со претстави, балети и мали театри од сказни светски, рецитали со поклонувања, мали слатки возбудувања, ги честитаа Новата година и божиќните празници дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.