
Прво искачување на ЗПСК „Кожув“ во новата година на врвот Чичи Каја

Првиот викенд од
новата година, ЗПСК „Кожуф“ организираше искачување на врвот Чичи Каја, висок 1767 м. 36-члена екипа започна со искачувањето од Асан Чешма до врвот, со вкупна должина во два правца од 5.5 км. Имено, со оваа акција започна одбележувањето на календарската планинарска година. И тоа, во снежни услови, без поголеми препреки во достигнување на целта. Водич на првата акција беше Рената Тодова, секретар на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија, а помошници: Ристо Каркалашев, Саше Динев, Бојан Георгиев и Зафир Старделев.
На самиот врв, членовите го прославија почетокот на новата година со отворање шише шампањско, наздравувајќи и посакувајќи си здравје и успешна нова година со многу реализирани планинарски акции. Особено, оваа година кога Клубот го прославува 70-годишниот јубилеј од своето постоење.