Image
Е-Општина

Политика на квалитет

Резултати од партнерството на Општина Гевгелија со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетот за искористување на ресурсите

Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2023 година

Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2022 година

Претставување на Општина Гевгелија

Прирачник за квалитет

Политика за квалитет

Систем 48 (јануари-ноември 2021)

 Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2021 година

 

 

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
 
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
 
 
Општина Гевгелија својата деловна филозофија ја темели на услуги кои во потполност се усогласени со барањата на граѓаните и важечките закони.
 
Стратешки цели на Општина Гевгелија се :
 
- Задоволни корисници/граѓани
- Просперитетна и богата локална заедница.
 
Општина Гевгелија утврдените Стратешки цели ги остварува со почитување на следните начела:
- Еднаквост на сите корисници/граѓани.
 
- Сите корисници/граѓани имаат право на заштита.
 
- Услугите кои ги пружа Општината мора да бидат ефикасно и економично реализирани.
 
- Исполнување на потребите и очекувањата на граѓаните, согласно најдобра пракса и Законот, е прв приоритет во вршењето на услугите на општинската администрација.
 
- Врвен квалитет на услугите е одговорност на секој вработен во општинската администрација.
 
- Тимска работа базирана на комуникација помеѓу општинските и  јавните служби представува основа на нашата компетентност и услужност.
 
- Планирање, превентива, подобрување и иновации во кој се вклучени граѓаните, вработените и другите заинтересирани страни.
 
- Градење на партенерски односи со сите заинтересирани страни кои учествуваат во унапредување на нашите услуги е наша трајна определба.
 
- Оддржлив развој базиран на квалитет, заштита на животна средина, општа сигурност и безбедност на граѓаните.
 
- Спроведувањето на оваа Политика и достигнување на нова деловна култура се овозможува со Програми за обучување и мотивација на вработените во општинската администрација.
 
- Преиспитување на Системот за квалитет од страна на Општинската управа се реализира со цел воспоставување на процес на постојано подобрување на планираните задачи и цели за квалитет. 
 
 
        Дата                                                                                   Градоначалник
    30.11.2021                                                                       на Општина Гевгелија
                                                                                               Андон Сарамандов
 

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio