Image
Градоначалник

Биографија

image

Андон Сарамандов

Градоначалник на општина Гевгелија

 

Андон Сарамандов e роден на 30 ноември, 1981 година, во Гевгелија. Основно образование завршил во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, а средно (Гимназија, Природно-математичка насока) завршил во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Дипломирал на Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје.
До стапување на функцијата, работеше во Државниот инспекторат за земјоделство.
Во 2017 година е избран за член на Советот на Општина Гевгелија, од листата на ВМРО-ДПМНЕ.
На Локалните избори во 2021 година е избран за Градоначалник на општина Гевгелија, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Како млад човек активно учествувал и се ангажира во општествено-политичкиот живот во општина Гевгелија.
Активно се занимава со спорт, во раната младост бил член на КК „Кожув“, а една деценија и организатор на турнирот во кошарка „Гевдион“.
Учествува во повеќе хуманитарни акции, додека во периодот 2007-2011, по повод христијанскиот празник Бадник ја организира хуманитарната акција за социјално-загрозените семејства во општина Гевгелија.
Посебно се ангажира во креирањето на локалните политики за младите, во периодот 2004 -2008 работи на промоција на млади артисти, залагајќи се за Гевгелија како урбана средина.
Во Гевгелија важи за комуникативен човек, израснат во чаршијата и голем вљубеник во спортот.
Андон Сарамандов е оженет и е татко на две деца.

 

Прашајте го градоначалникот

Image

Гевгелиски Магазин

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio