Image
Надлежности

Социјална и здравствена заштита

 

Социјална заштита и заштита на децата- Детски градинки и домови за стари (финансирање, инвестиции, одржување и сопственост), децата без родители и родителска грижа, остварување социјална грижа за инвалидните лица, деца со воспитно-социјални проблеми, деца со посебни потреби, децата од еднородителски семејства, како и децата од улица, лицата изложени на социјален ризик, лицата засегнати со злоупотреба на дрига и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица во социјален ризик, остварување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст.

Здравствена заштита- управување со мрежата на јавни здравствени организации и обкети од примарна здравствена заштита, во кои Општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа,здравствен надзор над животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби (на пример: ментално здравје, злоупотреба на деца и др.) и други области определени со закон.

Спроведување подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓани и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив.

© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio