Надлежности на Советот на Општина Гевгелија

– Го донесува статутот на општината и други прописи;

– Донесува буџет и годишна сметка на општината;

– Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките на законот;

– Основни јавни служби во рамките на надлежностите на општината и врши надзор на нивната работа;

– Именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа;

– Усвојува програми за работи и финансиски планови за финансирање на јавните служби кои ги основа;

– Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење;

– Ги освојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби кои ги основала општината;

– Одлучува за начинот на располагање со сопственост на општината;

– Одлучува за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината;

– Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народен правобранител;

– Може да дава препораки на раководни лица на п.е. на Министерството за внатрешни работи за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.

Skip to content