Image
Сервис на граѓаните

Систем 48

flaer za sistem48

 

Систем 48 (јануари-ноември 2021)

Систем 48

Почитувани,

Општина Гевгелија заради подобрување на ефикасноста и транспарентосноста на јавно достапните услуги и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните воведe систем 48 часа.

 

Граѓаните својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно. Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен. Во рок од 48 часа граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот за решавање, конечно решение или поведена постапка за решавање на пријавеното барање.

 

За да го решите вашиот комунален  или друг вид проблем, непријатна миризба, оштетена урбана опрема, дефект на јавното осветлување, расфрлан смет и  несовесно постапување со комунален отпад, дефект на водоводни или фекални мрежи, дивоградби и сл., кои се во надлежност на локалната самоуправа, доволно е само еден телефонски повик, SMS порака или E-mail.

Системот 48 часа ќе обезбеди подобар квалитет и контрола на општинските услуги кон граѓаните и ќе придонесе за решавање на проблемите и барањата на граѓанитена нов, модерен и едноставен начин, преку евиденција на барањето кое ќе се  заснива само на технички податоци и факти.

 

Општина Гевгелија, со цел да воспостави подобра комуникација со граѓаните отвори Callцентар во кој граѓаните своите проблеми, барања, забелешки, идеи, предлози за подобрување  кои се во надлежност на општината можат да ги пријават:

  • Лично (со доаѓање на граѓанинот во Сервисниот центар кој се наоѓа во бараката на одделението за даноци и такси зад општинската зграда);
  • На фиксниот телефон со број 034/611-999 од  08 – 16 часот се јавува операторот, а потоа пораката  ќе ја забележи говорниот апарат;
  • Преку SMS поpака  на мобилниот телефонски број 076/211-999
  • Или преку испраќање на електронската апликација- пријави проблем.

Наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција, на  е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Барањето за видови на проблеми од областа:

 

1.       јавно осветлување

2.       сообраќајна сигнализација

3.       отстранување на диви депонии

4.       чистење на улици

5.       собирање на смет

6.       улици, патишта, тротоари

7.       урбана опрема

8.       одржување на зелени површини

9.       згрижување на кучиња скитници

10.    водовод и канализација

11.    поправка на водоводна мрежа

12.    барање до општински инспекции

13.    дивоградби

 

               Нашиот  оператор  во рок од  48 часа  ќе ве информира за статусот и планираното време за  решавање  на пријавениот  проблем, преку телефон,  SMS или Е-mail.

 

 

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg

Систем 48

© 2018 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio