Со Концертот на мандолинскиот оркестар „Полифонија Стрингс“, официјално започна културно-уметничката манифестација „Гевгелиско културно лето“. Програмата официјално ја отвори директорот на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Мирјана Крстева Массетти најавувајќи им на публиката и јавноста интересни содржини во организација на ЈОУ Дом на култура, Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. По што, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, за првиот ден од културното лето на гевгеличани, „Полифонија Стрингс“ настапија со аранжмани на познати вокални и инструментални обработки.
Членовите на „Полифонија Стрингс“ се поранешни членови на мандолинскиот школски оркестар на ООУ „Страшо Пинџур“ од село Јосифово. Мотивацијата и ентузијазмот на мандолинскиот оркестар се насочени кон продолжување, проширување и унапредување на музичката култура и наобразба на неформален начин на локално и пошироко ниво.