НУ Музеј- Гевгелија во соработка со Андреј Проданов организира етнолошка изложба „Ризница на народни носии“. Изложбата е дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на култура 2025 година“ и ќе биде отворена на 5 мај 2025 година, во уметничката галерија „Амам“, со почеток во 19:00 часот.
Поставката опфаќа изложување на 7 народни носии, коишто се колекција на Андреј Проданов, долгогодишен член на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. И, тоа: носија за зет и невеста од етничкиот предел „Бојмија“, село Миравци; носија за млада жена од етничкиот предел „Железник“; носија за млада жена од етничкиот предел „Азот“, од етничката група Мијаци- село Папрадиште; носија за жена од етничкиот предел „Струшко Поле“; носија за девојка од етничката група Мегленски Власи, од село Хума и невестинска носија од село Вевчани.
