Гевгелија, на 30 април 2025 година, пулсираше во ритамот на музиката и движењата, откако 200. ученика од 4. одделение од гевгелиските училишта учествуваа во флешмоб организиран по повод Меѓународниот ден на танцот. Настанот, што се одржа на плоштадот во центарот на градот, беше дел од априлската програма за манифестацијата „Гевгелија град на култура 2025“.
Флешмобот започна со тактови на енергична музика, со изведување синхронизирана кореографија која го привлече вниманието на бројните граѓани и минувачи. Четвртоодделенците од основните училишта заедно ја прославија универзалната јазична моќ на танцот.
Настанот, во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, имаше за цел да ја промовира важноста на танцот како форма на уметнички израз и културна поврзаност, но и да ја поттикне младата популација да се вклучи во културни активности.


