Театарската претстава и урнебесна комедија „Ванчо“ ќе го доживее своето 3. издание. Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура 2025 година“, „Ванчо“ ќе биде одиграна на 5 мај 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот. Влезниците чинат 200 денари и се пуштени во продажба, а можат да се набават во кафе-барот и ресторан “ЈuMi”- Гевгелија.
Станува збор за комедија на интрига, работена по филмското сценарио од Џим Мулхоланд и Мајк Бари. Работите се замрсуваат кога торбата со скапоцен накит ќе заврши во погрешни рацe.
Во претставата учествуваат: Силвестер Проле, Светлана Стојковиќ, Каме Ќаев, Зоран Кундурџиев, Томе Шуклев, Влатко Сапламаев, Петар Јанчев, Ангелина Шуклева, Весна Делева, Мартин Костадинов, Даниела Каранфиловска, Весна Папучиева и Лазе Николов. Режијата е на Катица Џишева Дупарова, а сценографијата е изработена од Александар Јанев.
Театарската претстава „Ванчо“ на Здружението на граѓани „Дон Кихот 95“- Гевгелија е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата.

