РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА 30 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
30 невработени лица ќе бидат работно ангажирани за изведување на јавни работи во општина Гевгелија, во рамките на проектот "Расчистување на одводни канали, уредување на противпожарни појаси и уредување на јавни површини во општина Гевгелија", кој се реализира со финансиска поддршка на Владата на РМ.
-------------------------------------------------------------
понатаму ...
ОТВОРЕН ДЕН ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО
Околу 50 гевгелчани директно им поставија прашања на министерот за образование Петар Стојановски и претставниците на Министерството за образование на РМ за време на отворениот ден за образованието, кој на 20 јуни 2009 година беше организиран во Гевгелија.
-------------------------------------------------------------
понатаму ...
ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ
За два месеци кај градоначалникот на општина Гевгелија оствариле прием 200 граѓани. Инаку, еден ден во неделата е наменет за прием на граѓаните, односно вратите на општина Гевгелија се отворени во четвртокот или пак во петокот и саботата, по претходно пријавување во Општинскиот центар за услуги.
-------------------------------------------------------------
понатаму ...
ПРОСТОРНИ СИЛИ
Заради заштита на граѓаните на општина Гевгелија извршено е пополнување на персоналниот состав на новоформираните универзални единици за заштита и спасување.
-------------------------------------------------------------
понатаму ...
ШТЕТИ ОД ГРАД
Невремето со град, кое ја зафати општина Гевгелија во јуни 2009 година, предизвика штети на земјоделските посеви во Миравци, Давидово, Милетково и Гевгелија.
-------------------------------------------------------------
понатаму ...
ПРОМОЦИЈА НА БРОШУРИ ЗА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Организацијата на потрошувачите на Македонија, во рамките на Проектот за економско-правна реформа на Германското друштво за техничка соработка-ГТЗ, ги промовираше во Гевгелија брошурите ,,Правата на потрошувачите кои произлегуваат од специфичните договори,, и ,,Водич низ законот за заштита на потрошувачите,,.
-------------------------------------------------------------
понатаму ...
ПРЕУРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ
Заради отежнатото одвивање на сообраќајот на дел од улицата "7 Ноември" и паркингот пред Стопанска банка во пазарните денови, извршено е преуредување на дел од пазариштето.
-------------------------------------------------------------
понатаму ...